За нас
ВИНТ дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје, Република Македонија.
Винт најпрво започна како овластен дистрибутер на TEZ – Загреб. Со понатамошниот развој и со својата докажана професионалност фирмата се разви и стана
овластен дистрибутер на Philips Lighting.
Како свој модел ВИНТ ја следи посветеноста на Philips во генералните бизнис принципи кои се однесуваат на интегритетот и етиката при водењето на бизнисот.
Фирмата ги следи и се води според тие принципи во сите свои донесени одлуки и постапки кон купувачите, кон поддоговарачите, кон вработените како и кон сите други вклучени учесници.
Финансискиот етички код како и етичкиот код при набавување се дополнителен водич на ВИНТ во секојдневното работење и водење на бизнисот.
За Philips
Philips е светски познат лидер во областа на осветлувањето, развивајќи технологии што го олеснуваат секојдневен живот,
правејќи го попродуктивен и поедноставен. Philips верува дека целта на технологијата треба да биде едноставноста.
Тие ја пренесуваат таа едноставност во сите свои производи, услуги и решенија зад кои стои добро познатото има Philips
како гаранција за квалитетот кој го носат. повеќе
Philips е лидер во формирањето на иднината со восхитувачки нови апликации и технологии, како LED технологијата,
која и покрај енергетската ефикасност, овозможува атрактивни предности и бескрајно нови „никогаш-претходно-можни“ светлосни можности.
Винт, водејќи се од барањата на корисниците, нивните потреби и желби како и бренд ветувањето – sense and simplicity - својата
главна цел ја темели на имплементирање и одржување на нови концепти и виско технолошки решенија за ефикасност на енергијата во полето на осветлување.