Профил на компанијата
ВИНТ дооел е трговско друштво основано во 1998 година со седиште во Скопје, Република Македонија.
Винт најпрво започна како овластен дистрибутер на TEZ – Загреб. Со понатамошниот развој и со својата докажана професионалност фирмата се разви и стана
овластен дистрибутер на Philips Lighting.
Како свој модел ВИНТ ја следи посветеноста на Philips во генералните бизнис принципи кои се однесуваат на интегритетот и етиката при водењето на бизнисот.
Фирмата ги следи и се води според тие принципи во сите свои донесени одлуки и постапки кон купувачите, кон поддоговарачите, кон вработените како и кон сите други вклучени учесници.
Финансискиот етички код како и етичкиот код при набавување се дополнителен водич на ВИНТ во секојдневното работење и водење на бизнисот.
Мисија
Нашата мисија е подобрувањето на квалитетот на живеењто на луѓето преку навремено воведување на значајни технолошки иновации.
Во современиот свет, каде што технологијата безгранично напредува, каде што технологијата го допира секој аспект од нашиот живот, ВИНТ овозможува водечки решенија во полето на заштита на здравјето и животниот стил.
ВИНТ овозможува нова технологија која ги задоволува потребите на своите корисници правејќи ги позадоволни и со тоа градејќи долга врска темелена на доверба и сигурност.
ВИНТ е одговорен партнер во општеството, со недопрен интегритет кон своите корисници, вработени,добавувачи и бизнис партнери, поддоговарачи, конкуренцијата, државата и нејзините тела како и сите останати засегнати од нивните активности.
Конкуренција на слободниот пазар
ВИНТ ги поддржува принципите на конкуренција на слободниот пазар како добра основа за водење на бизнисот следејќи ги соодветните регулативи од областа.
Безбедност на производите
Една од целите на ВИНТ е да доставува безбедни производи и услуги во секое време.
Приватност
Приватноста на личните препознатливи информации за корисниците, вработените, бизнис партнерите и останатите вклучени се потполно заштитени.
Заштита на животната средина
Конзистентно со определбата на Винт за одржлив развој и конзистентноста за рационалност и практичност се со цел да се минимизираат сите несакани ефекти кон животната средина.
Осветлување
Водејќи се од потребите на своите корисниците и потпирајќи се на поддршката од Philips Lighting во процесите на изградба на нови објекти, како и реконструкцијата на постоечките, Винт соодветно нуди висок квалитет на своите производи и решенија за:
- Улично осветлување, осветлување на тунели,паркинзи, индустриски и други простори;
- Архитектонско и фасадно осветлување;
- Внатрешно и надворешно осветлување на спортски објекти;
- Осветлување на хотели, ресторани и канцелариски простории;
- Осветлување на продавници;
- Осветлување на резиденции;
Одржување на јавното осветлување
ВИНТ има склучено договори за одржување на јавното осветлување со повеќе општини.
Во полето на панично осветлување и напојување, ВИНТ е овластен дистрибутер на OVA G.Bargellini S.p.A.,Италија, член на Schneider Electric групацијата, компанија со повеќе од 40 години искуство во полето на безбедноста.
OVA G.Bargellini S.p.A. поседува знак за соодветност на своите производи IMQ, како и CSQ знак за производтсво и циклусот на дизајнирање.
Од широката програма за панично напојување и осветлување, Винт нуди панично осветлување и знаци за излез, UPS, системи со автоматска дијагностика и преносни панични светилки.
Инсталација и ожичување на објекти
Професионалците од ВИНТ заедно со одобрените поддоговарачи имаат завршено голем број објекти.